Посета на Министерот за здравство (8 Јуни)

Дeнес, при посетата на Министерот за здравство доц.д-р Венко Филипче го отворивме регионалниот центар за дијабет и истовремено стартуваше програмата на IPA-CBC, која ќе биде дополнителна помош за грижата на болните од дијабетес.
Центарот е дело на нашите служби, но за дел од опремувањето допринос даде и нашиот партнер и партнер на лицата со дијабет Novo-Nordisk.
По отворањето на центарот следеше посета на болничките одделенија од страна на Министерот како и кратка работна средба при која што добивме силна поддршка која понатаму ќе се реализира и како материјална поддршка во развојот на нови методи во нашата болница како и за обнова на целовкупната болничка апаратура при одделот за рентген дијагностика.

Со почит
Спец.д-р Димитар Стровјаноски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *