СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

ЈЗУ Општа болница Велес ја известува Јавноста, дека од ден 15.11.2018 година, ќе се врши замена на двата лифта со нови, со што ќе дојде до привремено пренасочување на движењето на пациентите и посетата во Централната зграда на ЈЗУ Општа болница Велес
Имено, Главен влез за пациенти на Болницата ќе биде влезот на хируршки амбуланти.
Од овие причини, одделот за интерни болести се преместува на хирургија на 2ри кат на А оддел, каде ќе бидат згрижени сите лежечки пациенти за интернистичките потреби.
Ургентната интернистичка амбуланта ќе биде лоцирана исто така во Хируршки амбуланти и ќе биде соодветно означена.
Пациентите од општа хирургија ќе бидат сместени во просториите на оддел за ортопедија и урологија на 2ри кат
Итните случаи за гинекологија, акушерство, очно и орл исто така ќе го користат влезот на хируршки амбуланти како Главен влез, како и во случај кога пациентот има проблем со качување по скали.
На влезот на хируршки амбуланти, ќе биде присутно лице-портир, кој ќе ги насочува пациентите и веднаш ќе го известува медицинскиот персонал на соодветното одделение.
Се замолуваат посетителите, да го ограничат присуството на неопходно
Оваа состојба ќе потрае до завршување на предвидените работи, со цел замена на лифтови со нови

Со почит,
ЈЗУ Општа болница Велес