Во 2014 година врз основ на извршениот увид од страна на одделение по хигиена и здравствена екологија при ЈЗУ Центар за јавно здравје Велес, констатирано е дека согласно Програмата за јавно здравје на Република Македонија, хигиенските и градежни карактеристики на просториите за прием на суровини и подготовка на храна не се во согласност со општите барања за производство на безбедна храна.

Станува збор за опрема во кујна постара од 40 години а самиот објект датира од 1965 година.

Поради сето наведено Управниот одбор на ЈЗУ Општа болница Велес на ден 17.06.2014 година донел Одлука за престанок со работа на кујната во ЈЗУ Општа болница Велес.

Одлуката е реализирана во 2016 година со Постапка за јавна набавка на готова храна од надворешен економски оператор, а опремата од тој момент е ставена надвор од употреба.

Бидејќи опремата е стара и голем дел од неа е неупотреблива, а сме во фаза на реализација на нов проект – Ургентна интернистичка единица, истата опрема со Одлука на Управен одбор од 5ти септември 2018 година е расходувана и е предложена за продажба.

Согласно позитивните законски прописи, истата се проценува од страна на овластен проценител, со што се определува почетна цена за јавна аукција преку електронскиот систем на Министерството за финансии  за која е потребна согласност и од Владата на Република Македонија. Целокупната процедура е во тек.

Бидејќи со изнесување на лаги и невистини, се нарушува угледот на ЈЗУ Општа болница Велес, ќе превземеме законски мерки против порталите и лицата што креираат лажни вести и изнесуваат клевети на штета на угледот кон ЈЗУ Општа болница Велес.

Leave a Reply

Your email address will not be published.