Началник на одделение: Спец.Др. Мила Ѓорѓевиќ – спец.офталмолог

Доктор специјалист: спец.Др. Тодор Јаковлевски – спец.офталмолог

Одделенска сестра: Благородна Климкарова

 

 

Во склоп на одделението функционира Амбуланта за очни болести во која работат двајца доктори специјалисти. Амбулантата е опремена со современа дијагностичка апаратура – авторефрактократометар, биомикроскоп, воздушен (безконтактен) тонометар, апарат за компјутерска периметрија (видно поле) и комплетна опрема за одредување на рефракција

 

Операционата сала функционира за хируршки окуларни интервенции и операции на очни капаци. Се работат операции на птеригиум (надворрешно перде), халазион катаракта со ЕЦЦЕ метода со имплант и други интервенции при повреди, сутири.

 

Капацитетот на одделението е доволен да згрижи пациенти со различна очна патологија како и оперирани пациенти. Располага со 8 болнички кревети и соодветен помошен медицински персонал, со 24 часовна нега за лежечките болни.