На 29 ти ноември, во хотел Гарденија Велес, ЈЗУ Општа болница Велес го организираше вториот работен состанок во рамките на проектот “Континуирана грижа на пациентите со метаболни заболувања преку користење на современа технологија – COMETECH

”. На состанокот присуствуваа претставници од проектните партнери: ЈЗУ Kлиничка болница “Д-Р Трифун Пановски“ – Битола, Медицинска комора – Солун, Општа болница Флорина и од Александар Технолошко-образовен институт во Солун – Сектор за медицинска сестра.

За време на состанокот секој проектен партнер го презентираше напредокот на проектните активности и беа дискутирани идните планови  и активности за наредниот период. Во рамките на вториот работен состанок беа презентирани мерењата на PM 10 и PM 2,5 од проф. Stelios Xanthos  за Битола и Солун. За време на состанокот проектните партнери имаа можност да слушнат за Дијабетична ретинопатија од Д-р Тодор Јаковлевски и за  можните компликации од дијабетис од Д-р Марија Јанкуловска.

Во рамките на проектот “Континуирана грижа на пациентите со метаболни заболувања преку користење на современа технологија – COMETECH”, ЈЗУ Општа болница Велес предвидено е да добие 12 медицински апарати со кои ќе има современа дијагностика на метаболни заболувања како и континуирано следење на здравствената состојба на пациентите.

Проектот “Континуирана грижа на пациентите со метаболни заболувања преку користење на современа технологија – COMETECH” е финансиран од ЕУ преку програмата за прекугранична соработка Северна Македонија – Грција.