ИНФЕКТИВНО  ОДДЕЛЕНИЕ

Одделението за Инфективни болести, ја следи мисијата на ЈЗУ  Општа Болница Велес, односно обезбедува високо квалитетни здравствени услуги од областа на инфектологијата, со примена на современи дијагностичко-терапевтски процедури и методи на лекување, со примена на етички, хуман и професионален пристап.

Одделението за Инфективни болести, како самостоен двокатен објект, лоцирано е над самата болница, со корисна болничка површина од 1662 м2 и обезбедува високо стручна здравствена заштита и третман на пациенти со акутни и хронични инфективни болести кои ги опфаќаат заболувањата на централниот и периферниот нервен систем, респираторниот, дигестивниот, урогениталниот систем и кожата, односно акутни и хронични заболувања од вирусна, бактериска, паразитарна и гливична ептиологија и фебрилни состојби од непозната етиологија, како и антитетанична, антирабична и антивиперинум профилакса.

Одделението за Инфективни болести се состои од специјалистичко-консултативна  амбуланта и болнички оддел.

Специјалистичко-консултативната амбуланта работи од 07.00-22.00 часот во работните денови, а за време на викенд и празник пружа 24 часовна здравствена заштита. Во амбулантата ординира лекар специјалист-инфектолог, според направениот план за работа по програмата Мој Термин, овозможувајќи брза дијагностика и адекватен  третман на голем број на пациенти.

Болничкиот оддел се состои од два ката, со 15 болнички соби, од кои една е ВИП болничка соба и 2 болнички соби за изолација, со капацитет од 35 болнички кревети. Во случај на зголемен број на болни, за време на појава на епидемии постои можност за дополнување на сместувачкиот капацитет со уште 15 болнички кревети. Според стандардите пропишани за инфективните одделенија, секоја болничка соба има сопстевен санитарен јазол, природна светлина и  вентилција.

 

Во склоп на инфективно одделение постојат две работни простории каде се припрема терапијата за пациентите, се зема крв и останат инфективен материјал за лабораториско-биохемиски, микробиолошки и серолошки иследувања. Водејќи се според протоколите за третман на хоспитализирани болни по ДРГ метод, бележиме значително намалување на должината на болничкото лекување.

   

 

 

 

 

 

 

За континуирано одвивање на работата на Инфективното одделение се грижи тим од лекари специјалисти-инфектолози со долгогодишно работно искуство во инфеективната патологија :

  • Прим. Д-р. Роза Стојанова – раководител
  • Прим. Д-р. Славица Трајкова
  • Д-р. Снежана Бисинова-Ефтимова
  • Д-р. Силвана Мишкова

 

Тимот од медицински сестри е обучен за спроведување специфична терапија, како и за едукација на пациентите и нивните семејства во врска со болестите кои  се дијагностицирани :

  • Биљана Стојанова – одговорна медицинска сестра
  • Рајна Трајковска
  • Јадранка Таневска
  • Валентина Арсова
  • Костадинка Пракицова
  • Сузана Васевска
  • Весна Сарагинова
  • Билјана Јаневска
  • Снежана Даскалова
  • Виолета Манаскова
  • Александра Данева
  • Валентина Пљакова
  • Елена Пановска

Тимот не би бил комплетен, ако не се спомне и техничкоит персонал кои се грижи за одржување на хигиената :

  • Сузана Андова
  • Биљана Здравковска