Согласно со Програма за измена и дополнување на програмата за стручно усовршување 2015-2018 година со бр. 0201-1282/4 од 20.09.2018 година на ЈЗУ Општа болница Велес и согласно Одлука за упатување на специјализација на Управен одбор 0201-1411/3 од 24.10.2018 година, Директорот на ЈЗУ Општа болница Велес и распишува
ИНТЕРЕН ОГЛАС
За упатување на здравствени работници на специјализација на Факултет за медицински науки при Универзитет “Св. Кирил и Методиј” – Скопје
1.ЈЗУ Општа болница Велес распишува интерен оглас за упатување на специјализација на Факултет за медицински науки при Универзитет “Св. Кирил и Методиј” – Скопје , и тоа:
а) Специјализации по:
– Абдоминална хирургија ———————————————-1(една)
– Болничка педијатрија————————————————–1(една)
– Гинекологија и акушерство——————————————1(една)
– Неврологија—————————————————————1(една)
– Радиологија—————————————————————-1(една)
2.Услови кои треба да ги исполнуваат здравствените работници:
– завршен медицински факултет
– положен стручен испит и
– лиценца за работа
- Потребни документи:
– пријава
– уверение со оцени за завршен медицински факултет
– доказ за положен стручен испит
– лиценца за работа
Разгледување на документација и селекција на кандидатите ја врши Комисија за селекцијана кандидати за специјалзиации и супспецијалзиации при ЈЗУ Општа болница Велес според следните критериуми
– 70% од бодовите за просечниот успех на кандидатот постигнат во високото образование,
– 20% за должината на работниот стаж и
– 10% за успехот по предметот во областа од која се доделува специјализацијата и
согласно Правилникот за начинот на пресметување на пондерот за бодовите за просечниотуспех на кандидатот постигнат во високото образование и успехот по предметот од областа од која се доделува специјализацијата.
Заинтересираните здравствени работници пријавата со документите за огласот да ги достават до Архивата на ЈЗУ Општа болница , на Ул. ,, Самоборска,, б.б. Велес, во рок од 5 (пет)-дена од денот на објавување на огласот на на веб локацијата на ЈЗУ Општа болница Велес www.bolnicaveles.org.mk , ненавремена и некомплетна документација нема да биде разгледувана.
ЈЗУ Општа болница Велес
Директор
Д-р спец Димитар Стровјаноски