I.              ИСТОРИЈАТ

ЈЗУ  Општа болница Велес, основана е во 1946 година како Градска болница за лекување на болни од туберкулоза. Како објект од цврста градба во кој се наоѓа и денес, изграден  е во 1965 година.  Во 1976 година  доградени се А, Б и Ц тракт и функционира во склоп на ЈЗО Медицински центар Велес. Од 01.07.2005 година со измени во Законот за здравствена заштита функционира како Општа болница Велес, со решение 1-10226/24 од 10.12.2004 година, издадено од Министерство за здравство на РМ.

ЈЗУ Општа Болница Велес, со капацитет од 285 болнички кревети претставува работна средина составена од специјалистичко консултативни и болнички служби кои пружаат услуги од секундарно ниво на 10% од населението на Република Македонија, односно конкретно од општина Велес, Чашка, Градско и Росоман,  од повардарскиот регион како и на населени места кои природно гравитираат  кон градот Велес, според пописот од 2002 година.

ЈЗУ Општа Болница Велес, како јавна здравствена установа од секундарно ниво   во нашата држава има за цел да ги дијагностицира и лекува пациентите преку своите специјалистички амбуланти, оддели, лабораторија и радиодијагностика.

Работниот процес  е организиран во 13 одделенија ( анестезија со интензивно лекување, инфективно, педијатрија, хирургија, урологија, ортопедија со трауматологија,  гинеколошко-акушерско, интерно, неврологија, псхиојатриски болести со центар за зависности, физикална медицина и рехабилитација, ОРЛ и Офталмологија), 6 служби ( радиодијагностика, биохемиска лабораторија, патологија, АТД, кожно-венерични болести и болничка аптека) и 3 административно технички служби ( правна, економско- финансиска и техничка служба).

II.              ВНАТРЕШНА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ОПШТАТА БОЛНИЦА

Организацијата на работата на Општата болница се заснова врз начелата на достапност, рационалност, ефикасност и континуираност на здравствената заштита.

Во Општата болница согласно со начелата од став 1 на овој член се организираат внатрешни организациони единици кои претставуваат организационо-техничка целина за вршење на дејностите од член 9 на овој статут и тоа:

 

 

  1. Оддел за општа хирургија
  2. Оддел за ортопедија
  3. Оддел за урологија
  4. Оддел за анестезија, реанимација и интензивно лекување
  5. Оддел за гинекологија и акушерство
  6. Оддел за очни болести
  7. Оддел за уво, нос и грло
  8. Оддел за интерни болести А – оддел
  9. Оддел за интерни болести Б – оддел
  10. Оддел за детски болести со неонатологија
  11. Оддел за невролошки болести
  12. Оддел за психијатриски болести
  13. Оддел за инфективни и кожни болести
  14. Оддел за физикална медицина и медицинска рехабилитација
  15. Оддел за радиодијагностика
  16. Оддел за биохемиско – лабораториска дијагностика и патолошка анатомија
  17. Отсек за пневмофтизиологија
  18. Болничка аптека

 

За вршење на правни, сметководствено-финансиски, административно -стручни и општи работи во Општата болница се организираат внатрешни организациони единици согласно прописите за административни службеници и вработените во јавниот сектор.

Работата во Општата болница се организира и тоа:

–          во специјалистичко-консултативната здравствена дејност со организирање на работата во една или две смени и со прилагодување на работното време, а во согласност со потребите на населението и

–          во болничката здравствена дејност со организирање во една или повеќе смени и посебни услови на работа (дежурство и постојана приправност), а во согласност со потребите на населението, при што треба да се обезбеди континуирано вршење на здравствената дејност во текот на 24 часа, седум дена во неделата во текот на годината.