Директор

 

БИОГРАФИЈА НА Д-Р ДИМИТАР СТРОВЈАНОСКИ

 

Д-р Димитар Стровјаноски е роден на 7 Декември 1960 год. во Велес од родители медицинари, мајка Злата, виша медицинска сестра и татко Стефан, доктор на медицински науки, инфекторлог.

Основно и средно образование завршува во Велес со одличен успех, додека високото образование на Медицинскиот Факултет во Скопје, во 1985 година. Работното искуство го започнува во итната медицинска помош како лекар-теренец, потоа работи како „фабрички“ лекар, додека од 1988 година започнува со специјализација по урологија.

На 31 годишна возраст е веќе хирург-уролог и покрај најчестите операции на простата и калкулоза на уринарниот тракт, дејноста ја проширува и со операции на конгенитални малформации на урогениталниот тракт кај машки деца како и операции од области на урогинекологија.

По 7 години специјалистичка дејност го формира уролошкото одделение и го раководи во наредните 11 години. Д-р Стровјаноски ја развива и ендоурологијата со набавка на комплетна ендоуролошка опрема без оптеретување како на болничкиот така и на државниот буџет, и во новиот милениум ги воведува современите третмани на болестите на простата, калкулоза на уринарниот тракт и тумори на мочниот меур (ТУР-П. ТУР-Т, Литотрипсија при калулоза со литокласт). Исто така ги воведува и минимално инвазивните методи во урогинеколигијата (стрес инконтиненција, пролапси на мочен меур). Д-р Стровјаноски има реализирано Студиски престоји во Клинички Центар Љубљана во 2000 –та и 2014-та година и во ЕРАЗМЕ ХОСПИТАЛ при УЛБ (Université Libre de Bruxelles) во Брисел во 2001-ва и 2006 година, во времетраење од 3 месеци, каде се едуцира ендоурологија, ласерска хирургија на простата но, и роботска хирургија на урогенитален тракт.

Од 2017 година Д-р Стровјаноски ја извршува функцијата Директор на ЈЗУ ОПШТA БОЛНИЦА ВЕЛЕС.

 

 

 

BIOGRAPHY OF DR. DIMITAR STROVJANOSKI

 

Dr. Dimitar Strovjanoski was born on December 7, 1960, in Veles
from parents – medics, mother Zlata, senior nurse, and father
Stefan, doctor of medical sciences, infectologist. He finished primary
and secondary education in Veles, with excellent success,
and he finished higher education at the Faculty of Medicine in
Skopje, in 1985. He started his work experience in the emergency
medical assistance as an on-site doctor, then he was working as a
“factory” doctor, and in 1988 he started his specialization in urology.
At the age of 31 he was already a surgeon-urologist and in
addition to the most common surgeries of the prostate and calculosis
of the urinary tract, he expanded his activity with surgeries
of congenital malformations of the urinary tract in male children,
as well as surgeries in the field of urogynecology. After 7 years
of specialist activity, he established the Department of Urology,
and he managed this department in the following 11 years.
Dr. Strovjanoski also developed endourology with a procurement
of complete endourological equipment without a burden
both to the hospital and the state budget, and in the new
millennium he introduced the modern treatments of prostate
diseases, calculosis of the urinary tract and bladder tumors (TURP,
TURBT, lithotripsy in calculosis with lithoclast). He also introduced
the minimally invasive methods in urogynecology (stress
incontinence, bladder prolapses). Dr. Strovjanoski realized study
stays in the Clinical Center Ljubljana in 2000 and 2014, and in the Erasmus Hospital of the Université Libre de
Bruxelles in Brussels, in 2001 and 2006, for a period of 3 months, where he was educated in the field of
endourology, laser surgery of the prostate, but also robotic surgery of the urogenital tract. Since 2017
Dr. Strovjanoski performs the function Director of the PHI GENERAL HOSPITAL VELES.