Закажете преглед преку Вашиот матичен лекар

Континуирана грижа на пациентите со метаболни заболувања преку користење на современа технологија – COMETECH
На 29 ти ноември, во хотел Гарденија Велес, ЈЗУ Општа болница Велес го организираше вториот работен состанок во рамките на проектот “Континуирана грижа на пациентите со метаболни заболувања преку користење на современа технологија – COMETECH
”. На состанокот присуствуваа претставници од проектните партнери: ЈЗУ Kлиничка болница “Д-Р Трифун Пановски“ – Битола, Медицинска комора – Солун, Општа болница Флорина и од Александар Технолошко-образовен институт во Солун – Сектор за медицинска сестра.
За време на состанокот секој проектен партнер го презентираше напредокот на проектните активности и беа дискутирани идните планови и активности за наредниот период. Во рамките на вториот работен состанок беа презентирани мерењата на PM 10 и PM 2,5 од проф. Stelios Xanthos за Битола и Солун. За време на состанокот проектните партнери имаа можност да слушнат за Дијабетична ретинопатија од Д-р Тодор Јаковлевски и за можните компликации од дијабетис од Д-р Марија Јанкуловска.
Во рамките на проектот “Континуирана грижа на пациентите со метаболни заболувања преку користење на современа технологија – COMETECH”, ЈЗУ Општа болница Велес предвидено е да добие 12 медицински апарати со кои ќе има современа дијагностика на метаболни заболувања како и континуирано следење на здравствената состојба на пациентите.
Проектот “Континуирана грижа на пациентите со метаболни заболувања преку користење на современа технологија – COMETECH” е финансиран од ЕУ преку програмата за прекугранична соработка Северна Македонија – Грција.
Контакт
Новости

